Телото задолжено за креирање на фудбалските правила (IFAB) одлучи да воведе измени во одредбата поврзана со случајно играње со рака на напаѓач во акција што резултира со постигнување гол.
„Случајното играње со рака што ќе доведе до тоа соиграчот во продолжение на акцијата да постигне гол веќе нема да се санкционира како прекршок“, одлучи IFAB на своето годишно заседание.
Новото фудбалско правило треба да почне да се применува од 1 април.