Грчката економија лани се покажала подобро од очекувањата, велат официјалните бројки

Од:

Бруто домашниот производ во 2020 година во Грција според обемот изнесува 168,5 милијарди евра наспроти 183,6 милијарди евра во 2019 година, бележејќи пад од 8,2 отсто, соопштуваат од грчката статистичка служба, објавувајќи ја првата процена за БДП за минатата година, а грчкиот премиер изрази задоволство од податоците, бидејќи се очекувал поголем пад.

Според официјалните податоци, во четвртиот квартал од 2020 година има зголемување на БДП за 2,7 проценти споредбено со третиот квартал, но и пад од 7,9 отсто во споредба со истиот период во 2019 година.

Рецесијата во земјата не е толку длабока колку што се очекуваше, со оглед на тоа дека грчкиот буџет беше проектиран под претпоставка дека ќе има пад од 10,5 отсто.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис преку неговиот официјален Твитер профил ги коментираше статистичките податоци и напиша оти Грција е на добар пат кон успехот и дека ќе успее.

-И покрај зависноста од туризмот, податоците за БДП објавени денеска покажуваат дека грчката економија биле поотпорна одошто многумина очекуваа во 2020 година. Заедно со нашето справување со ковид кризата, ги разбиваме стереотипите. Грција е во добра поизиција за успех и ќе успее, напиша Мицотакис.

Би можело да ве интересира

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Економскиот раст годинава 2,3%, инфлацијата 3,5% проектира Народна банка

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски