Штипското текстилно училиште заминува во историјата?

Од:

Средното текстилно училиште „Димитар Мирасчиев“ од  Штип, полека но сигурно ги допре маргините на образовниот систем во земјава. Веќе десетина години наназад ова училиште ја губи атрактивноста поради застареност на наставната програма, којa не одговара на современите текови во текстилната индустрија.

Реформите [to беа воведени во 2011 година, а се состоеја во воведување на економско-правна и трговска струка (техничар за трговија и маркетинг), како и применета ликовна уметност (техничар за дизајн на облека), не ги дадоа очекуваните резултати, поради што не најдоа место во наставниот план и програма за учебната 2012/13 година.

Минатата година текстилното училиште формираше само една парелелка, која не успеа да го задоволи ниту законскиот минимум од 25 ученици.

Судбината на текстилното училиште стана уште понеизвесна по одлука на Советот на Општина Штип од 18.9.2009 со која зградата на СОУ „Димитар Мирасчиев“ му се отстапува на Универзитетот „Гоце Дечев“- Штип.

Наместо за модернизација на системот за стручно текстилно образование, Министерството за образование и наука се одлучи да ја потврди одлуката на Советот на Општина Штип и просториите на текстилното училиште да му ги додели на Универзитетот, а наставниците и учениците од СОУ „Димитар Мирасчиев“ да ги пресели во магацинскиот простории во кругот на електро-техничкото училиште„Коле Нехтенин“ во Штип.

Дали текстилното училиште ќе замине во историјата ќе зависи од бројот на пријавени ученици во прва година.

М.Р.

Би можело да ве интересира

Во штипската Клиничка болница донесено мртво новороденче, неговата мајка го родилa во двор

Обвинителството бара притвор за осомничен кој изврши полови дејствија врз малолетни девојчиња во Штип

Притворен е раководител на образовен центар во Штип, допираше по телото ученички

Горан Наумовски

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан во Штип

ВИДЕО: Вандализирано најголемото штипско училиште „Ванчо Прќе“, наставата прекината

Катерина Ѓуровски

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство