Бектеши: сметководителите и не биле толку погодени од пандемијата, нема пролонгирање на рокот за завршните сметки

Од:

На десет дена пред крајниот рок за доставување на завршните сметки на компаниите, министерот за економија Крешник Бектеши вели дека нема пролонгирање на рокот, како што бараат сметководителите. Тие бараат продолжување на рокот од еден месец оти пандемијата се одразила и на нивното работење, многумина сметководители заболеле, а цела година се соочувале и со зголемен обем на работа оти сите владини мерки поминале нив нивни раце. Ниту апелите, ниту протестите не ја предомислија Владата. Министерот Бектеши, денес повтори дека нема да го прифати барањето за пролонгирање и го образложи ставот.

„За сметководителите ние веќе направивме консултации во склоп на институциите. Како Министерство за економија заедно со Финансии, со Управата за јавни приходи и со Централниот регистар одлучивме да нема пролонгирање што се однесува до подготвувањето и доставувањето на завршните сметки од страна на сметководителите кои ги доставуваат завршните сметки за компаниите имајќи предвид дека мислиме дека сметководителите и не биле толку погодени од пандемијата во претходната година“, рече министерот Бектеш.

Десетина минути пред него Александра Андреева од Управниот одбор на Комората на сметководители при Сојузот на стопански комори соопшти дека речиси 50 отсто од сметководителите биле болни од Ковид – 19 од почетокот на пандемијата и побара рокот за доставувањето на годишните извештаи и завршните сметки да се пролонгира до 31 март.

Сметководителите велат дека завршните сметки ги подготвуваат под стрес и притисок и не се повлекуваат од барањето рокот 15 март да се продолжи до 30 април за хартиено поднесување и 15 мај за електронско поднесување на завршните сметки. И покрај ставот на министерот дека не биле толку погодени од пандемијата, сметководителите велат дека и тие се разболувале од Ковид – 19, а работата им се трупала. Бараат пролонгирањето да се направи како лани, по членот 477 од Законот за трговки друштва, но да не се чека 13 март како лани, туку пролонгирањето да се случи час поскоро.

„Согласно член 477 од Законот за трговски друштва, има можност за пролонгирање на рокот за завршни сметки за еден месец. На овој член се повикаа и лани кога на 13 март ни пролонгираа за некои 10-11 дена. Веќе е употребен во пракса. Нашиот апел беше да не се чека до 13 март, да сме под стрес и притисок, бидејќи последен рок е 15 март. Два дена пред истек на рок, не ни значи многу пролонгирање“, апелираа сметководителите.

Членот 477 од Законот за трговски друштва вели дека годишна сметка се поднесува два месеци по истекот на календарската година, освен во случај кога законодавецот или надлежните институции ќе одлучат тој рок да е три месеци по истекот на календарската година.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

A1on

ЕСМ нема да се продава додека ДУИ е на власт, вели Бектеши за спојувањето на ТЕЦ Неготино и АД Електрани

A1on

Бектеши: Победата во ДУИ не се дискутира, со СДСМ не сме блиску до договор за коалиција

A1on

Бектеши: Одлуката за продолжување на рокот на замрзнатите цени дава простор Собранието да го усвои новото законско решение за нефер трговски практики

Бектеши: До 1 јули субвенции од Владата преку ЕСМ, нема зголемување на цената во првиот и вториот блок

Горан Наумовски

Бектеши: Барањето за проширување на капацитетот за гас е согласно регулативите на ЕУ