ВИДЕО: Екстрадиран Игор Спасов, убиецот на Мартин Нешкоски – полицијата го спроведе во „Идризово“

Од:

За помалку од месец откако е уапсен, Бугарија го екстрадира специјалецот Игор Спасов, убиец на Мартин Нешкоски. Откако пред 25 дена тој беше уапсен во Софија, денеска бугарските власти го испорачаа на граничниот преми „Деве баир“. Оттаму, го презема македонското МВР и го спроведе во затворот „Идризово“. При преземањето на гриничкиот премин имаше засилено полициско присуство. Постапката за екстрадиција ја водеше Министерството за правда, а откако по потерница од МВР, бегалецот Игор Спасов беше уапсен во соседна Бугарија. Тој треба да доиздржи затворска казна од седум години и три месеци во „Идризово“, според веб-страницата на МВР.

Спасов се бараше со меѓународна потерница повеќе од една година за доиздржување на затворска казна, откако кон крајот на октомври 2019 година по него беше распишана меѓународна потерница. Тој беше пуштен од затворот „Идризово“ на лекување со одлука на Штипскиот суд поради лоша здравствена состојба во 2018 година. Кон крајот на септември 2019 година од затворот беше испратено известување до судот дека Спасов не се јавил на доиздржување на затворската казна.

Спасов беше уапсен на почетокот на февруари во софиската населба Младост од страна на бугарската полиција по добиена пријава за семејно насилство. По неговото пронаоѓање, беше известена Македонија, а Министерството за правда за осум дена испрати барање за екстрадиција со сите пропратни документи.

Поранешниот специјалец Спасов е осуден на казна затвор од 14 години за убиството на Мартин Нешкоски, а кое се случи вечерта по прославата на ВМРО-ДПМНЕ по победата на парламентарните избори во 2011 година. Казната затвор ја издржуваше од 2011 година.

По неговото бегство, кружеа шпекулации дека тој е во Турција, но и дека во акцијата се вмешани полициски службеници. Јавното обвинителство во Штип, во 2019 отвори и истрага за да утврди кој се е вмешан, но и како Спасов успеал да ја напушти државата. До сега, резултати од истата нема.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он

Екс-директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски