Беќир Шаини нов член на Судскиот совет на РМ

Од:

Претседателот на Основниот суд Скопје 2, Беќир Шаини, e избран за нов член на Судскиот собвет на Република Македонија. Шаини доаѓа на местото на досегашниот член Неџат Ајро на кого му престанува мандатот поради исполнување на услови за старосна пензија.

Изборот се вршеше  од редот на судиите припадници на сите заедници кои не се мнозинство во Република Македонија. Гласањето се спроведе во сите судови на Република Македонија и помина во најдобар ред и без никакви проблеми, изјави претседателот на изборната комисија и член на Судскиот совет, Насер Хаџи-Ахметагиќ.

Новоибраниот член на Советот ќе стапи на новата функција по давањето свечена изјава пред претседателот на Собранието на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови

Хисени: Признавањето вина од Мемети и од Георгиев – горчлив доказ за понатамошното намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Во Обвинителството и судството парите од буџетот за нови вработувања ги пренаменувале за плати велат од Финасии

Судскиот совет ја отфрли Иницијативата од ДКСК за одговорност на членови од Управниот одбор на АСЈО