Двајца мртви по пукотница во Топанско Поле, напаѓачите се во бегство

Од:

Двајца мртви е епилогот од пукотниците кои утринава се случиле во скопската населба Топанско Поле, дознава „А1он“. Целата населба во моментов е затворена од страна на полициски екипи, а на лице место е излезен обвинител и се врши увид на местото на несреќата.

Според првичните неофицијални информации, настанот се случил околу 3 часот утринава, кога напаѓачите излегле од возило и со пиштол и со автоматска пушка ‘калашников’ пукале во две лица кои седеле во паркирано возило.

Засега се непознати причините и мотивот за убиството на двете лица.

На лице место има многубројни полициски екипи и соседи кои биле сведоци на настанот, а некаде пред 5 часот изутрината пристигна и обвинител за да изврши увид.

Идентитетот на напаѓачите е непознат и тие се во бегство.

Повеќе информации за случајот се очекуваат во текот на денешниот ден.

Би можело да ве интересира

Руски наредник уби командант и пет војници

Потврдено обвинението против Беќировиќ, која со пиштол уби жена додека детето гледало

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Доживотен затвор за свирепиот убиец од Кочани кој со 40 убоди уби жена

Анита Петровска Рајковиќ