ДЗС: Кружат лажни информации околу апликацијата за самопопишување од странство

Од:

Динамиката на попишување се одвива успешно, а бројките покажуваат дека досега се попишани над 22.000 лица од дијаспората, соопшти денеска Државниот завод за статистика и ги отфрли како лажни информациите во врска со апликацијата за самопопишување од странство.

-Овој период во јавноста се лиферуваа низа шпекулации и дезинформации поврзани со најважната статистичка операција. Уште еднаш алармираме да не се пласираат лажни информации дека во апликацијата можеле да се внесат 13 нули во полето за матичен број. Ова не е возможно, ниту видовме каков било доказ или print screen за вакво нешто. Сакаме јавноста да знае дека апликацијата не прави никакви прилагодувања или обработка на податоците внесени од страна на попишувачите. Внесувањето на податоците и матичниот број е одговорност на секој поединец кој пред Законот е обврзан да внесува точни и проверени податоци, наведува ДЗС.

Според Заводот, внесените податоци од друга IP адреса преку VPN врска на Апликацијата за самопопишување, не претставува дополнителен ризик за Апликацијата, туку одговорност за самиот попишувач.

-Ја потсетуваме јавноста дека Скеил Фокус ДООЕЛ Скопје, компанијата што ја изработи Апликацијата за самопопишување согласно Законот за попис, ја направи по светски стандарди и не може да биде одговорна за погрешно пополнети податоци од самопопишувањето. Ова, потенцираме уште еднаш, е одговорност на самите граѓани кои ги внесуваат нивните податоци, а тоа и е утврдено со Законот, наведува Државниот завод за статистика и уште еднаш апелира да бидеме одговорни и заеднички да придонесеме за успешен попис.

Би можело да ве интересира

Пратеникот Реџепи ja оспорува Методологијата за пописот oд 2021 година

Горан Наумовски

ДЗС моментално располага само со еден функционален „Ер трактор“

Во Македонија 98.416 лица се невработени, a 691.736 се вработени

Директорката на албански ИНСАТ ги отфрли обвинувањата за манипулации со пописните резултати

Апелирам Македонците од Албанија масовно да учествуваат во пописот, порача Мицкоски

А1он

Ревизија на Пописот: Софтверот за дијаспората бил набавен од спонзор за кој не знаеле во министерство за правда

A1on