Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ повлекува речиси 26.000 возила во Австралија, додека „Ауди“ повлекува 6.000 поради проблеми со менувачот.
Повлекувањето на возилата е последица на зголемената загриженост за безбедноста по загинувањето на една жена во Австралија во автомобил „голф“ произведен во 2008 година.
Имено, автомобилот на 32-годишната жена во 2011 година нагло забавил, по што во него удрил камион.
Оваа вест покрена обвинувања од многусопственици на „фолксваген“, чии автообили исто така застанале или забавиле на патиштата.
– Во некои случаи, електронска грешка во контролната единица внатре во менувачот може да предизвика прекин на напојувањето, се наведува во соопштението на филијалата на „Фолксваген“ во Австралија.