„Опел АДАМ“ со најдобро дизајниран ентериер

Од:

„Опел АДАМ“ на саемот Аутомотив Интериорс ЕХПО 2013 во Штутгарт ја освои наградата за најдобро дизајнирана внатрешност меѓу сериските автомобили.

Новиот урбан лајфстајл модел на „Опел“ оваа титула ја освои во конкуренција со моделите „Алфа Ромео 4Ц“, „Јагуар Ф-Тајп“, „Рено Клио“ и „Ренџ Ровер“.

Наградата се доделува во рамки на саемот на кој излагачите претставуваат концепти, материјали, текстил и компоненти од кои се изработува внатрешната опрема во возилата.

За победникот одлучуваше меѓународен жири составен од автомобилски новинари од целиот свет.

Покрај наградата за дизајн на ентериерот за моделот „АДАМ“, „Опел“ доби уште едно признание, со оглед на фактот дека жирито ја номинира и директорката за внатрешен дизајн на „АДАМ“, Елизабет Ветцел, во категоријата Дизајнер на годината за ентериер.

– Индивидуализацијата на внатрешноста е една од бројните АДАМ-ови предности. Нашиот најмал модел нуди дури 82.000 различни комбинации на внатрашно уредување, изјави Елизабет Ветцел по повод освајување на признанието.

Најновата награда за дизајн е уште едно признание за „Опел АДАМ“. Од своето претставување, овој автомобил освои пет награди на натпреварувањата за иновации „Плус Х Авард”, како и „Ред дот“ наградата за дизајн.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска