Двајца приведени во тетовска Брвеница откако дома им се најдени дрога и оружје

Од:

Двајца жители на тетовското село Брвеница се приведени откако во нивните домови се најдени дрога и оружје. Полициските службениците претресите кај нив ги направиле врз основа на судска наредба.

-Вчера во тетовска Брвеница, полициски службеници од СВР Тетово, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во дом и помошни простории двајца Т.Ј (70) и Д.Ј (47). При претресот кај Д.Ј. биле пронајдени и одземени неколку кеси со марихуана, ловечка пушка калибар 12мм, воздушна пушка и повеќе од 40 куршуми различен калибар, додека кај Т.Ј. биле пронајдени и одземени четири куршуми, исто така, од различен калибар, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Двајцата биле лишени од слобода и задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР