Ѓоковиќ поминува шест години на првото место – од идната недела е тенисер со најдолг стаж на врвот

Од:

Светскиот рекет број еден ја започна својата 310-та недела на врвот на АТП листата, со што го изедначи рекордот на сите времиња, кој го држеше швајцарскиот ас и негов голем ривал, Роџер Федерер.

Идниот понеделник, на 8 март, српскиот шампион и официјално ќе стане тенисерот со најмногу недели поминати на врвот на рангирањето. Со неделата од 15 март, 312-тата, тој ќе наполни цели шест години на првото место.

Ѓоковиќ, кој во мај ќе наполни 34 години, за првпат се искачи на врвот на АТП листата на 4 јули 2011 година, кога беше на 24-годишна возраст.

Федерер се уште го држи веројатно недостижниот рекорд од 237 недели по ред на врвот на листата, додека најдолгата низа на Ѓоковиќ изнесува 122 недели.

Би можело да ве интересира

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех

Рафаел Надал ја заврши кариерата