Амбасадорката на Филипини во Бразил е разрешена од функцијата откако излезе на виделина дека со месеци ја тепала куќната помошничка во резиденцијата во Бразилија.
Амбасадорката Маричу Мауро е вратена во Манила, откако на телевизиската станица “GloboNews” беа објавени снимки од видео надзорот од изминатите осум месеци, а на кои се гледа како ја малтретира помошничката.
Амбасадорката е разрешена и од Министерстовто за надворешни работи, објави престедателот на Филипини, Родриго Дутерте преку медиумите.