Приведени странски државјанки кои забавувале гости во угостителски објект во тетовско

Од:

Полицијата при претрес на угостителски објект во селото Желино затекнала шест странски државјанки кои ги забавувале гостите. Тие биле приведени поради злоупотреба на туристичкиот престој.

– На 01.03.2021 во 21.10 часот, полициски службеници извршиле контрола во угостителски објект во селото Желино, тетовско, сопственост на З.С.(48) од с.Желино. Притоа, било констатирано дека објектот работи по дозволеното време и внатре биле затекнати повеќе лица – гости и странски државјанки кои ги забавувале гостите, информира Министерството за внатрешни работи.

Објектот бил затворен, а З.С. бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Во полициска станица биле приведени и шест албански државјанки по член 418 од Кривичниот законик и поради злоупотреба на туристичкиот престој. По целосно документирање на случајот и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

Одбележан Денот на македонската полиција

Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – еден од напаѓачите полицаец

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Уапсен триесетгодишник од Стојаково, полицијата му нашла марихуана во домот

А1он

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски