Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска во Сараево и донираше на Босна и Херцеговина 5.000 вакцини против Ковид-19 на АстраЗенека.
На сараевскиот аеродром Вучиќ беше пречекан од претседавачот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик и од бошњачкиот член на Претседателството Шефик Џаферовиќ.
Иако беше најавено дека Вучиќ ќе биде пречекан од тројцата членови на Претседателството на БиХ, не присуствуваше хрватскиот член Жељко Комшиќ.
Вучиќ најави дека во следните неколку дена во БиХ ќе пристигнат уште 5.000 дози вакцина.
БиХ е трета земја во регионот на која Србија и донира вакцини, по Македонија и Црна Гора.