Во Кина веќе не смее строго да се казнуваат ученици, по неколкуте случаи кои завршија трагично

Од:

Кинеските власти од денеска им забрануваат на наставниците да прибегнуваат кон казни што можат да предизвикаат физичка или ментална траума кај учениците, бидејќи во последните години во земјата се забележани случаи на смрт на ученици кои биле строго казнети во училиштата.

Со новите правила кинеското Министерство за образование во иднина забранува понижувачки казни за учениците во училиштата. Во земјата и претходно беше забрането физичкото казнување на учениците.

Удирањето или принудување учениците со часови да стојат во место или да клечат на подот, исто така, се забранети, како и навредувањето на учениците.

Отсега натаму учениците ќе бидат охрабрувани да напишат писмо со извинување или да прават домашни задачи на училиште во случај на помали прекршоци.

Учениците кои извршиле посериозни дела, како што е малтретирање, може привремено да бидат протерани од училиште или да бидат однесени на психолошко советување.

Забраната за физичко казнување на учениците датира од 1986 година, но нејзината примена не била постојана пракса, па родителите честопати ги затворале очите доколку нивните деца биле казнети на училиште.

Кинеските медиуми редовно известуваат за случаи на смрт на деца откако биле претепани од наставник, а некои деца дури извршиле и самоубиство по јавно понижување на училиште.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Јаневска: Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно

Горан Наумовски

Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието

Предраг Петровиќ