Балкански рис се следи со ГПС околувратник во „Јасен“

Од:

Македонско еколошко друштво (МЕД) во соработка со вработените од Јавното претпријатие за стопанисување со повеќенаменското подрачје „Јасен“ на крајот на февруари со ГПС-околувратник обележа млад мажјак од загрозениот вид балкански рис.

Како што посочи Диме Меловски од МЕД, ова е првиот рис што ќе го следат надвор од Маврово и околината, како подрачје за кое досега имаат потврда дека се размножува рисот.


– За присуството на балкански рис во Јасен имавме податоци подолго време, но досега немавме среќа да поставиме ГПС околувратник на рис. Се надеваме дека оваа единка ќе ни даде интересни информации за неговото хранење и движење во Јасен, додаде Меловски.

Тој појасни дека рисот бил обележан од страна на тројца членови на тимот на МЕД со поддршка на еден ловочувар од „Јасен“ и двајца стажанти од Германија и Франција.

– Фаќањето на овој рис е дел од полусистематската сесија за фотозамки која покажа и присуство на уште една единка на рис, како и присуство на лисици, куни, јазовци, елени, срни, диви кози, диви мачки, волци и мечки, рече Меловски.

Активностите за воспоставување на мониторинг на рисот во „Јасен“ се спроведуваат во рамки на проектот „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја“ во соработка со тимот на заштитеното подрачје, финансиски поддржан од Европската Унија, а спроведен од УНДП со поддршка на МЖСПП.

Би можело да ве интересира

Во месноста Лешница на Шар Планина забележан рис

Примерок на Балкански рис повторно „фатен“ од камерите на Националниот парк „Галичица“

Ана Ололовска

Фотографија на балкански рис снимена во Националниот парк „Галичица“

А1он

МЕД апелира да не се уништуваат кафезите-замки за истражување на балканскиот рис

Ана Ололовска

Повторно снимен рис на Галичица

Ана Ололовска

Во НП Маврово заловена втора женка рисица за оваа сезона

Ана Ололовска