Три златни и три бронзени медали освоија каратистите на Макептрол викендот на интернационалниот карате турнир кој се одржа во Босна и Херцеговина, „Тузла – опен“.
Ангела Мојсовска освои злато и бронза, златен медал освои и Глигор Петков, како и
Стефан Стојановиќ. Бронзени медали покрај Мојсовска освоија и Моника Пендаровска категорија и Марија Петровска.
Тренерот Бошко Заборски е задоволен од постигнатите резултати на неговиот тим.
– Сакам да истакнам дека многу сме задоволни од постигнатиот резултат. На овој турнир заминаа осум спортисти а успеавме да освоивме шест медали. Задоволството е поголемо бидејќи медалите се освоени во сениорска конкуренција. Овој турнир беше предвиден по планот и програмата на клубот, иако сите сме затекнати и работиме во отежнати услови поради пандемијата, ние како спортски колектив одлучивме дека мораме да продолжиме со спортски активности и направивме уште една одлична контрола за нашите репрезентативци, истакна Заборски.
На турнирот учествуваа 888 натпреварувачи од 75 клубови.