Десетици демонстранти беа повредени во насилните антивладини протести во Тајланд, информира локалната брза помош.
Полицијата денеска потврди дека пукала со гумени куршуми, првпат од почетокот на протестите минатата година.
Судирите избувнаа вчера, а полицијата употреби солзавец и водени топови против демонстрантите кои маршираа кон воената база во Бангкок, барајќи од кралот Махе Вајиралонгкорн да престане да издава директни наредби на армијата.
Демонстрантите фрлаа шишиња кон полициските барикади.
– За првпат користевме гумени куршуми. Тоа беше неопходно за да се запре насилството, изјави денеска началникот на полицијата во Банкок, Пакапонг Понгпетра.
Политичкото движење на младите бара оставка од премиерот Прајут Чан-Оче и бара реформа на власта во монархијата.