Сардинија ќе стане првиот италијански регион класифициран како безбедна анти-ковид бела зона, што значи дека ќе бидат укинати повеќето рестриктивни мерки што беа воведени во целата земја.
Гувернерот на Сардинија Кристијан Солинас денеска потпиша одлука со која се дозволува кафулињата да работат до 21 часот, рестораните ќе можат да продаваат храна и пијалоци до 23 часот, кога започнува полицискиот час.
Меѓутоа, во некои региони во Италија мерките се интензивираат поради зголемувањето на бројот на пациенти, така што Базиликата и Молизе сега се црвени зони, додека Ломбардија, Марче и Пиемонт поминаа од жолта во портокалова зона.