Реконструкцијата на Универзална сала ќе започне во мај

Од:

Објектот на Универзалната сала ќе се реконструира задржувајќи го својот автентичен изглед, најавуваат од Град Скопје.

„Во текот на мај очекувам да започнат градежните работи, а до септември таа да биде готова“, вели скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Тој рече дека реконструкцијата на Универзална, не значи дека Градот се откажува од идејата за нова концертна сала во Скопје.

„Откако ќе биде реконструирана, салата ќе има капацитет од 1.100 до 1.200 седишта“, рече Шилегов.

Според Шилегов, катната гаража која се наоѓа зад салата ќе биде доволна за да нема проблем за паркинг места кога ќе се одржуваат манифестации во Универзалната сала.

Премиерот Заев вели дека градењето на Универзалната сала веднаш по земјотресот во 1963 година, носело порака дека животот мора да продолжи, а истата порака ја носи и нејзината реконструкција во услови на светска пандемија.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за екс министерката Костадиновска Стојчевска за Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Љутков: Универзална сала е преземена на незаконски начин

Љутков: Ќе се повтори постапката околу преземањето на Универзална сала во Скопјe

Горан Наумовски

Арсовска: Нема да поминат заканите за тужба, да се одговори кога е осигуран објектот на Универзална сала

Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска за клевета за пожарот во Универзална

A1on

Арсовска: Зошто Костадиновска-Стојчевска не го пријавила пожарот ако знаела за него пред девет часот

A1on