Претседателот на Република Македонија да го искористи своето уставно право и да не го потпише указот за прогласување на законот за прекинување на бременостa и со тоа да демонстрира дека е претседател на сите граѓанки и граѓани во државата, побара денеска мрежата за заштита од дискриминација.
Усвоениот закон за прекинување на бременост воведува рестриктивни механизми кои во голема мера ќе влијаат врз слободното формирање на волја кај жената дали да ја прекине бременоста или не.
Министерството за здравство преку одредбите за поднесување писмено барање за прекинување на бременоста, како и задолжителното советување на бремената жена од страна на лекарот, со пропишување на формата и содржината на барањето и содржината и начинот на советување, создава можност за манипулирање и ограничување на нејзиното право на избор за прекин на бременоста“, се вели во писмената реакција.