Позната старлета била дел од криминалната група на Вељко Беливук

Од:

Во делот на финансиската истрага против Вељко Беливук полицијата сослушала директорка на еден весник поради сомнежите дека преку неа уапсениот криминалец перел пари. Ист сомнеж има и за една позната стралета.

Извори од истрагата објаснуваат дека Беливук и уплаќал големи суми на директорката, за овие уплати немало реално покритие што укажува на тоа дека девојката која долго време работи во медиумите ги земала криминалните пари и ги вметнувала во легалните финансиски текови.

Според овој извор постојат оперативни сознанија дека девојката имала сефови во неколку банки кои сега се под контрола на полицијата. На девојката и е претресен и станот и одземено е се што може да биде доказ во постапката.

Паралелно со ова, полицијата претресувала и станови на уште две девојки, едната од нив позната старлета која пред извесно време беше уапсена во друга држава. Таа била верена со близок соработник на Беливук, а неколку пати била снимена како влегува во „бункерот“ на стадионот на Партизан.

Во истрагата против Беливук полицијата сослушува и познати бизнисмени и сопственици на угостителски објекти за кои има сомнеж дека работеле со Беливук. Екипата на Беливук обезбедуваше бројни ресторани и ноќни клубови во Белград.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во телевизиско интервју изјави дека наскоро ќе обелоденат детали за криминалите на групата на Беливук и дека информациите ќе бидат шокантни не само за Србија туку и за Европа.

Би можело да ве интересира

Вељко Беливук и Дарко Шариќ обвинети за уште четири убиства

Обвинителството бара 221 година затвор за дилерите на Беливук

Валканите тактики на кланот на Беливук: Ги откажуваат адвокатите пред сведочењето на единствената преживеана жртва

Беливук: Уште еден член на групата ќе стане обвинет-соработник на обвинителството

Првата жртва на кланот на Беливук беше брутално убиена пред точно 4 години

Ана Ололовска

Куќа на ужасот: Прегледани 1000 морничави слики од куќата на Беливук во Ритопек

А1он