Владата на Венецуела соопшти дека се упасени деветмина Колумбијци од редовите на тамошните десничарски, паравоени милиции, обвинети дека подготвувале заговор за убиство на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.
Министерот за внатрешни работи Мигуел Родригез тврди дека деветмината уапсени требало да се инфилтрираат во Каракас и да го спроведат планираниот заговор. Родригез најави нови апсења на припадниците на, како што рече, уште една група заговорници од Колумбија кои се на пат кон Каракас.
Мадуро беше избран за претседател, со минимална разлика во гласовите. Неговата победа опозицијата не ја прифаќа, тврдејки дека при броењето на гласачките ливчиња ѝ се укаредни 300.000 гласови, сосема доволни за победа на нејзиниот кандидат. Мадуро го наследи починатиот Хуго Чавез, кој на претседателската функција беше 14 години, откако со промена на Уставот си обезеди право да се кандидира за функцијата, без ограничување на бројот на мандатите, јави МИА.