Во Србија годишно од аерозагадување умираат 12 илјади луѓе, велат активистите од „Да не го давиме Белград“

Од:

Активистот на иницијативата „Да не го давиме Белград“, Радомир Лазовиќ, изјави денеска дека годишно умираат од 7.000 до 12.000 лица од загадување на воздухот во Србија и ги праша претставниците на градските власти што се прави за решавање на овој проблем.

На прес-конференција пред Собранието на Белград, Лазовиќ рече дека градовите во Србија се изложени на голема количина на загадување на воздухот помеѓу 100 и 150 дена во годината и оцени дека тоа се застрашувачки податоци, пренесува Бета.

– Се поставува прашањето за одговорноста. „Српската напредна партија (СНС) и Социјалистичката партија на Србија (СПС) владеат со секторот за заштита на животната средина веќе 12 години и за тоа време тие не презедоа ништо за да ја променат оваа состојб“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Плафон падна врз гости во дискотека во Србија, има повредени