Протестот за „Монструм“ заврши, демонстрантите не стигнаа до судовите

Од:

Мала група луѓе остана да протестира кај надземниот пешачки премин на Бит-пазар. Најголем дел од демонстрантите се разотидоа откако полицијата ги потисна и беа принудени да се вратат до Бит-пазар.

Иако демонстрантите се во значително намален број, полицијата се уште ги чува, во полн состав.

Неколку пати попладнево демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон. Фрлаа шишиња, запалки, столици кон полицијата, а дел од нив, маскирани со фантомки со цело тело се фрлаа во полициските штитови, но полицијата не им дозволи да се доближат до судовите.

Меѓу демонстрантите имаше и такви кои постојано се обидуваа да ги смират најагресивните. Им објаснуваа да не фрлаат сешто по полицијата оти тие не се виновни, но се до повлекувањето кон Бит-пазар, имаше поединци со фантомки кои се издвојуваа, ја пцуеја полицијата и фрлаа се што ќе стигнат кон нив.

Би можело да ве интересира

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

Протест „Стоп за УСЈЕ“, се бара дислокација на цементарата

Протест во Тунис прерасна во судири со полицијата

Протест против странските работници во Риека: Дојдоа 20 луѓе