Директорот на АстраЗенека: Се надевам дека ќе ги исполниме очекувањата на ЕУ

Од:

Извршниот директор на АстраЗенека, Паскал Сорио, денеска изјави дека се надева оти ќе ги исполни очекувањата на Европската унија за бројот на вакцини против Ковид-19 што компанијата може да ги достави до европскиот блок во вториот квартал од годината.

– Работиме 24/7 за да ја подобриме испораката и се надеваме дека ќе ги исполниме очекувањата за вториот квартал, рече тој.

АстраЗенека пред два дена ја извести Европската унија дека во вториот квартал ќе достави помалку од 90 милиони дози од својата вакцина против коронавирус.

Според официјални претставници на ЕУ, кои директно учествуваа во преговорите со британско-шведскиот производител на лекови, тоа значи дека АстраЗенека ќе испорача помалку од половина од бројот на договорени вакцини со ЕУ во вториот квартал.

Според договорот на АстраЗенека со ЕУ, кој протече минатата недела, компанијата се обврза да испорача 180 милиони дози на Унијата во вториот квартал.

Доколку се намалат дозите на вакцините, ова може да влијае на способноста на ЕУ да ја постигне целта за вакцинирање на 70 проценти од возрасните до летото.

Би можело да ве интересира

Венс: Европа не може засекогаш да биде „безбедносен вазал“ на Америка

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

Додик: Ваква Европа нема иднина и тешко може да се спаси

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Мерц: Коалицијата на конзервативците и СПД е сигнал дека Европа може да се потпре на Германија

Пентагон размислува за повлекување на илјадници војници: Европа е загрижена за плановите на Вашингтон