Затворено интернет кафе во Бутел, приведени 10 лица

Од:

Интернет кафе во скопската населба Бутел вчера е затворено во 22 часот, од како при полициска контрола биле затекнати 10 лица во објектот кој работел после 21 часот. Лицата биле приведени.

Од МВР информираат дека полициски службеници од СВР Скопје на улицата „Тале Христов“ констатирале дека интернет кафе работи во 22 часот и вo објектот има 10 лица.

Тие биле приведени во Полициската станица Чаир и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он