Талибански борци убиле две момчиња и им ги исекле главите, како предупрдување на селаните да не соработуваат со авганистанската влада.
Функционер во областа Зара, Џамал Ага изјавил дека момчињата Кан и Хамедулах (10 и 16 години) додека собирале остатоци од храна, на патот кон своите домови биле пресретнати од талибанци кои се обвинети за злосторството.
– Беа деца и немаа никакви врски ниту со власта, ниту со странците- рече Ага.
Претставникот на Талибанците, Кари Јусуф Ахмади изјави дека неговата група не е поврзана со убиството на двете момчиња, чии што тела и глави се оставени во селото.
Кандахар е една од најнемирните авганистански провинции, во која што претстојуваат талибанците.
Елена Георгиевска