(ВИДЕО) Асоцијација на архитекти: Архитектот на барокниот ГТЦ ја продал душата на ѓаволот

Од:

Нема трошка вкус во идеата и ГТЦ да биде преоблечено во барокна облека, вака Сања Раџеновиќ од Асоцијацијата на архитекти, ја коментира намерата за вклопување и на ГТЦ во проектот „Скопје 2014“.

„Архитектот ја спроведува само наредбата. Архитектот ја продал душата“, вели Раџеновиќ.

Даница Павловска рече дека на средбата со градоначалникот на Центар Андреј Жерновски, добиле подршка за настанот „Гушкање на ГТЦ“, кој ќе се одржи во петок.

Ова, потенцираше, ќе биде мирен и граѓански протест.

„Градскиот трговски центар е историски поврзан со идентитетот на градот. Ја давам мојата поддршка како градоначалник, но пред се како граѓанин“, изјави по средбата градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила

Арсовска го врати споменикот на Андон Лазов Ќосето

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните