Османи на министерски состанок на Алијансата за мултилатерализaм

Од:

Република Северна Македонија, со целосно потпирање врз мултилатералните механизми во обезбедувањето на вакцини, ги чувствува последиците на севкупниот неуспех да се спроведе во дело она за што силно се залагаме на зборови, истакна министерот за надворешни работи, Бујар Османи на онлајн министерскиот состанок на Алијансата за мултилатерализам, што на иницијатива на министрите за надворешни работи на Франција и на германија, Жан Ив Ле Дриан и Хаико Мас, се одржува на маргините на Високиот сегмент на 46-та сесија на Советот за човекови права на ООН.

Како што соопшти МНР, потенцирајќи дека мултилатерализмот останува единствениот можен начин за справување со глобалните предизвици, Османи во своето излагање посебно се осврна на влијанието на пандемијата со Ковид-19 врз продлабочувањето на постојната нееднаквост меѓу развиените и земјите во развој, како и врз нарушувањето на човековите права во глобален контекст.

Во делот на дискусијата на темата: “Новите предизвици за човековите права, подготвеноста и одговорот за справување со пандемијата”, шефот на македонската дипломатија ја нагласи неможноста за еднаков пристап до вакцините, како дополнителен фактор што ги влошува состојбите.

– Алијансата за мултилатерализам претставува важен форум за промовирање на заеднички солуции за глобални предизвици преку зајакнување на мултилатералната соработка. Таа е формирана на иницијатива на францускиот и германскиот министер за надворешни работи во 2019 година. Оваа неформална алијанса е отворена за земји што веруваат дека мултилатерализамот е единствена гаранција за меѓународната стабилност и мирот со решавање нашите предизвици преку соработка, се додава во соопштението на МНР.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија