Советот на министри на БиХ денеска ја усвои Реформската програма за НАТО и донесе Одлука за формирање на Комисија за соработка со таа организација.
Ова го потврди министерката за надворешни работи на БиХ, Бисера Турковиќ, по седницата на Советот.
Според неа, сите српски министри гласале за Програмата за реформи и таа да биде испратена во Брисел, како и за Комисијата за соработка со НАТО.
Таа додаде дека документот утре ќе биде испратен до НАТО.