Мијалков немал покачена температура пред да влезе кај Русковска

Од:

Пред да влезе во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција вечера, на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков, му била измерена температура и таа не била висока. Според протоколите за работа, на влезот се мери температура на сите, а исклучок не бил ниту Мијалков кој исчезна во неделата вечерта, а се појави вчера со објаснување дека бил во самоизолација поради температура од над 40 Целзиусови степени и сомневање дека се заразил со коронавирусот.

„А1он“ го праша Обвинителството дали на ексдиректорот Мијалков на влезот му била откриена покачена телена температура.

„Температурата што му била измерена на обвинетиот на влезот во зградата ги задоволувала критериумите согласно протоколите за влез во институциите“, одгворија од Обвинителството.

Министерот за здравство Венко Филипче денес рече дека нема информации дали Мијалков е тестиран за коронавирус и дали самоизлоацијата ја пријавил во Државниот санитарен и здравствен инспекторат. На прашањето дали е можно вторпат во рок од три месеци да се зарази со вирусот, како што е случајот на Мијалков, Филипче одговори дека болеста има многу непознаници има многу специфични случаи, но науката се уште не дала одговор на тоа прашање.

Би можело да ве интересира

Левица: Хотелот на Мијалков нема решение за Елаборат – Пецаков го штити дивеењето

Левица: Инспектор постапил незаконски при надзор над хотелот на Мијалков

Горан Наумовски

Власта молчи пред дивеењето на Мијалков на Охридското езеро, обвинува Левица

ВЛЕН: Слободата на Сашо Мијалков не ja донесе Дедо Мраз, туку Артан Груби, со дозвола на дедото од Зајас

ВРЕДИ: ДУИ го губи компасот, во забуна не знае што прави, кого напаѓа, а кого го брани

Јавното обвинителство не се согласило со условен отпуст за Сашо Мијалков