Поранешниот тапанар на „Леб и сол“ Драгољуб Ѓуричиќ на интензивна нега со Ковид-19

Од:

Познатиот српски и југословенски рок музичар Драгољуб Ѓуричиќ е на интензивна нега во болницата „Драгиша Мишовиќ“ Белград, откако бил дијагностициран со Ковид-19, јавуваат медиумите.

Прочуениот тапанар, кој свиреше во групите „Кербер“, „Ју група“, а настапуваше и со Ѓорѓе Балашевиќ, Здравко Чолиќ и многу други познати изведувачи, целата мината седмица се чувствувал лошо и имал симптоми на респираторна инфекција, пред да добие позитивен тест на коронавирусот.

Засега не се објавени повеќе детали за состојбата на 68-годишниот музичар, кој во првата половина на 80-те години на минатиот век беше и тапанар на најпознатиот македонски состав „Леб и сол“.

Би можело да ве интересира

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари