Лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај упати критики денеска до шефот на Движењето Самоопределување, Албин Курти поради најавите дека новата косовска влада ќе ја формира со малцинствата и Србите кои немаат изборна моќ.
– Внатрешниот дијалог само со претставници на малцинствата и без никаква изборна моќ на Србите од централниот дел на Косово, не само што може да биде селективен, туку и лош сигнал за унитарниот карактер на државата, напиша Харадинај на Фејсбук.
Исто така, најавата на Самоопределување да учествува на изборите во Албанија ја оцени како „избрзана“.
– Се плашам дека доколку не самите учесници на овие избори, тогаш другите ќе гледаат на тоа како трик и можност за обновување на старите сценарија за поделба. Тоа може да се смета за еден вид немоќ при соочување со неотуѓивата интеграција на северниот дел од земјата, нагласи Харадинај.