Советот на ОН за човекови права разгледува нова резолуција со која би се осудил сирискиот режим за тоа дека користи помош од припадници на Хезболах. Тоа се вели во нацрт-документ објавен денеска во Женева.
Во него „силно се осудува вмешување на странски војници во Сирија, вклучително и на тие кои се борат во име на режимот и посебно на Хезболах“. Документот изразува длабока загриженост дека нивното вмешување ќе има негативни последици за регионот.
Во документот се повикува сириската Влада да овозможи посета на инспектори за човекови права на ОН и се осудува непочитување на човекови права од страна на владини сили и нивни сојузници како и од страна на бунтовниците.
Нацрт-документот е изработен од Катар, Кувајт, Турција, САД и Велика Британија и за него ќе се гласа в петок.