Сашо Мијалков речиси цел ден бил во контакт со Обвинителството, тврдат извори за “А1он”. Тие знаеле дека тој е во земјата, но овие тврдења засега не ги потврдува никој од Обвинителството.
Не се знае на која локација бил три дена, откако му е одреден притвор, односно, додека неговите роднини и блиски беа и по седум часа на распит.
Пред Обвинителството има десетици медиуми кои го чекаат Мијалков да излезе од зградата. Решението за притвор му е врачено, но се уште е внатре.
Со решението му е определена мерка куќен притвор. Обвинителите ја повлекоа жалбата на ова решение со која бараа затворски притвор.
Во Обвинителството освен Мијалков е и обвинителката Вилма Рускоска.