Индија почнува со дистрибуција на вакцини за КОВАКС програмата на СЗО

Од:

Индија денеска ќе го испорача првиот контингент вакцини како дел од програмата КОВАКС на Светската здравствена организација со која се планира рамномерна дистрибуција на вакцините во целиот свет, објави индиската влада.

„Наша обврска е да му помогнеме на светот со правење вакцини против Ковид. Вакцините со ознака „произведени во Индија” ќе бидат испратени во Африка како дел од програмата Ковакс, напиша на Твитер министерот за надворешни работи Анураг Сривастава.

СЗО го отвори патот за дистрибуција на вакцината АстраЗенека ширум светот овој месец со давање на зелено светло за итна употреба, а дозите се произведени во Серум Институтот Индија (SII), најголемиот светски производител на вакцини, како и во СК Биосајанс во Јужна Кореја .

СИИ наскоро ќе започне со производство и на вакцините Новавакс, главно за посиромашните и средно развиените земји.

Досега, Индија испрати повеќе од 17 милиони дози во повеќе од 20 земји во светот, а за свои потреби, владата во Њу Делхи досега нарача 31 милион дози.

Би можело да ве интересира

Шокантна изјава од АстраЗенека: Не беше работа на компанијата да се занимава со ковид вакцина

Предраг Петровиќ

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Русија разви вакцина против новите варијанти на коронавирусот

Катерина Ѓуровски

Германец примил 87 вакцини против ковид

ЕУ одобри третман со лекот Сафнело на Астра Зенека за лица со лупус

Ана Ололовска

Војската на САД работи на моќна супер-вакцина против коронавирус