Илон Маск не е веќе најбогатиот човек во светот

Од:

Основачот на „СпејсЕкс“ и „Тесла“, Илон Маск, не е повеќе најбогатиот човек во светот откако изгуби 15 милијарди долари за еден ден. Како што денеска соопшти Блумберг, вредноста на акциите на Тесла синоќа на берзите се намалиле за 8,6 отсто, што резултираше со толку голема загуба за Маск.

Неговите акции во компанијата сега вредат 183.4 милијарди долари, со што на првото место во рејтингот на најбогатите луѓе повторно се најде Џеф Безос, основачот на Амазон, со 186 милијарди долари, соопшти Блумберг.

Падот на акциите на Тесла, најголем по оној во септември 2020 година, се случи откако Маск во саботата на Твитер соопшти дека главните криптовалути се преоценети. По изјавата, вредноста на биткоинот, според информации на „Коиндеск“, се намали за повеќе од 10 отсто и моментално вреди 48.900 американски долари.

Биткониот вчера постави рекорд покачувајќи се до 58.300 долари, откако претходно Тесла објави дека во криптовалутата вложува 1.5 милијарди долари.

На 19 јануари Маск на Твитер напиша дека вложувањата во биткоинот се „помалку глупава форма на ликвидност отколку готовината“.

Би можело да ве интересира

Тужба против Маск за измами при купувањето на Твитер

Премиерот на Шпанија го обвини Илон Маск дека ја поткопува европската демократија

А1он

Илон Маск сака да го купи Ливерпул

„Не го хранете тролот“ – Олаф Шолц за Илон Маск

Бајден го одликуваше Сорос, Маск објави фотомонтажа: „Ова е травестија“

Маск: Кралот Чарлс треба да го распушти парламентот и да распише избори