Боинг препорача приземјување на авионите 777 поради абење на металот

Од:

Американскиот производител на авиони Боинг соопшти дека истрагата утврдила „абење на металот“ на нивниот авион 777, на кого му откажа еден од моторите набрзо по полетувањето во Денвер и препорача привремено приземјување на сите летала од тој тип.

Истрагата докажа дека една од перките на вентилаторот откажала поради абење на металот.

Боинг соопшти дека 128 авини Боинг 777 се приземјени се додека не бидат извршени сите потребни инспекции.

Федералната администрација за воздухопловство на САД (ФАА) вчера нареди итни инспекција на авионите Боинг 777 откако во саботата делови од моторот на еден од тие авиони паднаа во близина на станбени згради во Колорадо

Делови од авион на „Јунајтед ерлајнс“ паднаа во предградие на Денвер, по што Боинг 777-200 беше принуден да се врати на аеродромот, бидејќи по полетувањето се запалил десниот мотор.

Во авионот имало 231 лице и 10 членови на екипаж, а сите патници биле пренесени на друг лет за Хаваи.

Би можело да ве интересира

Боинг укинува 17.000 работни места, ја одложува испораката на 777X

Вработените во авиокомпанијата Боинг стапија во штрајк за прв пат по 16 години

ВИДЕО: Нов инцидент со авион на Боинг, опасно слетување во Истанбул

Почина уште еден „свиркач“ од „Боинг“ – беше отпуштен откако предупреди за безбедносни пропусти на „737 MAX“

Нов инцидент: На „Боинг 737“ му отпадна дел од крило за време на лет

Горан Наумовски

Авион ненадејно „падна“ на сред лет за Нов Зеланд, повредени се десет патници

Горан Наумовски