Најмалку две ракети вечерва паднале во кругот на високообезбедуваниот комплекс во кој се наоѓа американската амбасада во Багдад, а ова е третиот сличен напад во последните седум дена.
На снимките објавени на социјалните мрежи се гледаат столбови од густ црн чад кои се издигаат од таканаречената „зелена зона“, непосредно по нападот.
Smokes rise inside the US Embassy Compound in Baghdad.
Iran-linked Islamic Resistance social media account claims C-RAM system failed to intercept the rockets.#Iraq pic.twitter.com/axamc7ANyp— Baxtiyar Goran (@BaxtiyarGoran) February 22, 2021
Според американски извори, во нападот нема повредени. Една ракета го погодила штабот на Ирачката национална служба за безбедност, кој се наоѓа во близина на американското дипломатско претставништво, оштетувајќи неколку автомобили, јави агенцијата АФП.
Ова е третиот напад врз западни дипломатски, воени или економски цели низ Ирак, по неколку месеци релативен мир. Американскиот комплекс во Багдад последен пат беше цел на ракетен напад на крајот на декември.