Јордан Мијалков, син на избеганиот Сашо Мијалков е приведен во полициска станица во Кисела Вода. Заедно со него, приведена е и сопругата на Мијалков, Александра Мијалкова. Тие се на распит откако првоосомничениот во „Таргет-Тврдина“ избега, три дена пред пресудата на предметот. По нив, ќе бидат повикани и лицата кои му биле лично обезбедување на Мијалков.
Додека трае распитот кој е започнат пред еден час, полицијата и натаму трага по Мијалков.
Судот веќе издаде наредба до МВР, а полицијата распиша меѓународна потерница по Мијалков. Неговата слика е објавена во делот за потраги на веб-страницата на МВР, а известувања се пратени до сите гранични премини. Јавното обвинителство, пак, излезе со соопштение дека обвинителот немал сомнеж и сомневања дека Мијалков може да избега.
Обвинетиот е недостапен за органите на прогонот од вчеравечер.