Откако Сашо Мијалков стана лице недостапен за полицијата и другите органи на прогонот, а по него се трага, на социјалните мрежи се повеќе критики и иронични коментари. Мијалков го снема на само пет дена до изрекување на пресудата за „Таргет-Тврдина“, каде е првообвинет.
Споредувајќи го со азилантот Никола Груевски кој наместо во затвор, отиде во Будимпешта додека полицијата претресуваше возила, твитерџиите го прашуваат МВР дали провериле во багажниците на возилата при рутинските контроли.
Во гепек проверија?
— Џиф (@svoja_na_svoeto) February 21, 2021
Во гепек проверија?
— SkopjanecoT (@skopjaneco_t) February 21, 2021
„Не јадете г****, Мијалков замина по вакцини“, стои во друг твит.
Не јадете гомна, Мијалков замина по вакцини ☝️☝️???
— ☝️Шпенди☝️ (@Shpendi_Kasapot) February 21, 2021
„Работите излегоа од контрола. Јас сум во Чешка“ пишува на сликата.
Глава оставам дека Мијалков е у Словачка!
— Противизам (@Protivizam1) February 21, 2021
„Глава оставам дека Мијалков е у Словачка“, пишува во уште еден од твитовите.
Ако вистински не сакал, ќе се врати.
— Мартиан (@MartianfromMKD) February 22, 2021
„Ако вистински не сакал, ќе се врати“, пишува во твит од корисник со име Мартиан.
Потсетувајќи се на случајот кога Миле Јанакиески доби затворски притвор поради опасност од бегство, а веднаш откако избега Груевски, твитерџиите со иронични коментари и на таа тема.
30 дена притвор за Миле Јанакиески поради бегството на Мијалков
— Којотот (@oga091) February 22, 2021
„30 дена притвор за Миле Јанакиески поради бегството на Мијалков“, пишува во твитот од Којотот.
Сашо Мијалков не беше пронајден во својот дом.
Приведен Миле Јанакиевски ?— Аполо23 ? (@VselenskiVitez) February 21, 2021
„Сашо Мијалков не беше пронајден во својот дом. Приведен Миле Јанакиевски“, коментира корисник со потпишан како Аполо23.
Речиси и да не остана никој поштеден од критика, но и сарказам по веста дека никој не може да го лоцира Мијалков. На социјалните мрежи се споделуваат и монтирани фотографии од Мијалков во багажник од автомобил.
Стварно Мијалков поминал граница без ПЦР тест?
Е не е нормален!— Виктор Стевич (@Viktor_Stevich) February 22, 2021
„Стварно Мијалков поминал граница без ПЦР тест? Е не е нормален!“, пишува Виктор Стевич.
Ај да типуваме…
Мијалков утре: "Работите излегоа од контрола, јас сум во: "
— Kocho Racin (@KostaKochoRacin) February 21, 2021
„Ај да типуваме…Мијалков утре: “Работите излегоа од контрола, јас сум во:“, стои во друг твит.
Реално, Мијалков го користи ваучерот за туризам од Заев.
— Malista Pulikala (@malistaPulikala) February 21, 2021
„Реално, Мијалков го користи ваучерот за туризам од Заев“, се коментира на „Твитер“.
Мијалков последно виден на автопат Тетово-Скопје како проверува двојазични табли со Артан Груби.
— Malista Pulikala (@malistaPulikala) February 21, 2021
„Мијалков последно виден на автопат Тетово-Скопје како проверува двојазични табли со Артан Груби“, пишува во уште еден твит.