Швајцарија би можела да се откаже од нарачаната вакцина на АстраЗенека против Ковид-19, но раскинувањето на договорот со таа британско-шведска компанија во моментов не е опција, иако може да се разгледа, објави денеска весникот НЗЗ ам Зонтаг.
Швајцарија побара повеќе податоци за ефикасноста и квалитетот претходно овој месец пред да ја одобри вакцината, која доби зелено светло на ЕУ.
Повикувајќи се на Федералната канцеларија за јавно здравје, весникот пишува дека локалните власти шпекулираат дека владата сака да ја откаже својата нарачка, што може да се случи ако анализата покаже дека вакцината не е доволно ефикасна.
„Се уште не е познато што ќе се случи со вакцината на АстраЗенека, но раскинувањето на договорот во моментов не е опција, иако може да се преиспита доколку се покаже дека е потребно“, изјави Бора Крониг, заменик директор на Федералната канцеларија за јавно здравје.
Швајцарија, која нарача 5,3 милиони дози вакцина АстраЗенека, ги чека резултатите од тестовите во Северна и Јужна Америка.
Франција, Белгија и Германија ја препорачуваат оваа вакцина само на луѓе под 65 години.