(ВИДЕО) Расправа на директорот фискултурец со актерите од Струмица: Можам да ја водам институцијата, имам дипломи

Од:

Доволно сум компетентен да ја водам институцијата НУЦК „Антон Панов“, имам менаџерски сертификати и на оваа тема нема причина да се дебатира, вели новоназначениот директор Васил Бубев кој се вклучи на почетокот на дебатата со актерите Анкица Бенинова, Ванчо Василев и Стојан Велков кои се противат на одлуката професор по фискултура да раководи со институцијата за култура.

Носителите на дејност во театарскиот сектор на „Антон Панов“ кои ја формираа иницијативата „Култура или фискултура?“ револтирани од одлуката на Министерството за култура да ги раководи според нив несоодветен кадар веќе еден месец бараат промена на Бубев и ново кадровско решение.

„Јавноста можеше да ги види т.н дипломи што ги приложил директорот Бубев и на една од нив стои учество во манифестација за празот. Ако ова беше нормална држава ќе мислевме дека е некој скеч и никако здраворазумски немаше да може Комисијата при министерството за култура да назначи ваков кадар за директор на институција од културата со 57 вработени и три уметнички сектори, децидни се актерите.

Во доставената пријава до Министерството за култура меѓудругото стои дека Бубев го докажал своето културно работење како кореограф преку приложени договори за соработка со балетското студио „Газели“ , докажал дека училиштето „ Гоце Делчев “ од општината Василево , каде што бил директор добивало плакети и дипломи за учество на Струмичкиот карневал, а приложил и благодарница за општината, за учество на културната манифестација „Денови на празот“.

Одговорот што актерите го добија од Министерството за култура е дека не постои формално правна пречка Бубев да биде директор.

За претходните настани и назначувањето на новиот директор, нивниот аргументиран револт и тоа дека нема да отстапат до промената на директорот жестоко дебатираа тројца актери од Струмица.

Тие велат дека побарале и антикорупциска комисија да ја разгледа оваа одлука, и нема да отстапат од нивните барања иако со ресорната министерка Ирена Стефоска нема повеќе да има дијалог на оваа тема.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање