ВМРО-ДПМНЕ: 55.000 работници на улица, а фирмата на Љупчо Николовски го зголеми профитот за 2.100%

Од:

„55.000 луѓе останаа на улица, половина милион граѓани живеат со по 2 евра на ден, 6.200 фирми затвори поради корона кризата, а фирмата на Љупчо Николовски го зголеми својот профитот за 2.100%.

Гиганти во македонската економија, регионот и Светот бележат пад во профитите, а фирмата на вицепремиерот Николовски книжи огромни профити“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Кој бизнис го врти Николовски па за само една година остварил галопирачки раст на приходите?

Дали Николовски врти државни тендери или во прашање е соработка со фирми кои мора да соработуваат со него?

Зошто Николовски својот пример не го споделил со останатите 6.200 фирми кои пропаднаа, или можеби не станува збор за успешен пример, туку за привилегиран субјект на пазарот?

Ја повикуваме ДКСК да отвори случај и да го испита работењето на фирмата на кланот Николовски.

Дали функцијата на Николовски всушност го овозможила рапидниот раст на приходите?

Доаѓа време за одговорност“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО