„Никој нема еднострано да ги раскинува договорите со американските хидроцентрали“, изјави бугарската министерка за енергетика Теменужка Петкова во интервју за БТВ, по повод изјавата на енергетскиот експерт Иван Хиновски.
Според Хиновски, бугарската Влада до 30 јуни годинава планира да ги раскине договорите со американските електроцентрали на јаглен – АЕЦ „Галабово“ и „Контур глобал Марица Исток 3“. Тоа, според него, ќе доведе до повисоки цени на електричната енергија на пазарот во Бугарија и од потреба за увоз на дополнителна електрична енергија.
-Тоа што е кажано, едноставно, не е сериозно. Јасно е дека сме во изборна кампања, но не за да го доведеме во заблуда народот, рече министерката Петкова.
Таа е убедена дека до времето на целосна либерализација на пазарот на електрична енергија, планирано за 1 јули, ќе се постигне решение за балансирање со американските електрани.
-Важно е да се заштити интересот и на инвеститорот и на бугарскиот национален интерес, рече министерката за енергетика.
За време на парламентарната контрола во Националното собрание, проектот за интерконектор Бугарија-Србија треба да стане реалност до крајот на 2022 година. Таа објасни дека во октомври 2020 година проектот бил пренесен од Министерството за енергетика во „Булгартрансгаз“ и веднаш почнала постапката за одобрување на јавна набавка за градба.
-Но, Србија мора да најде финансиски средства за да може и од нивната страна паралелно да се одвива изградбата на гасната врска, заклучи бугарската министерка за енергетика, Теменужка Петкова.