Зариф: САД да ги укинат санкциите, па Иран ќе ги запре нуклеарните активности

Од:

Иран „веднаш ќе ги смени“ своите активности во врска со својата нуклеарна програма кога ќе бидат укинати санкциите на САД, изјави денеска министерот за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф, повторувајќи го ставот на Техеран во врска со предлогот на Вашингтон за заживување на разговорите.

Администрацијата на Џо Бајден вчера соопшти дека е подготвена да го обнови договорот од 2015 година меѓу Иран и светските сили, кој поранешниот претседател Доналд Трамп го напушти во 2018 година пред повторно да воведе санкции за Иран.

Зариф претходно на Твитер напиша дека „корективните мерки“ на Иран се одговор на кршењето на договорот од страна на САД, Велика Британија, Франција и Германија. Други потписнички на договорот од 2015 година се Кина и Русија.

Прекршувањата на договорот со Иран започнаа во 2019 година, околу една година откако Трамп се повлече од него. Тогаш Техеран почна да збогатува ураним повеќе од договореното.

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкон, вчера рече дека администрацијата на Бајден ќе се врати на договорот доколку Техеран целосно го почитува.

Би можело да ве интересира

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија

САД испраќаат голем пакет помош за Украина