Азески: Државата мора да изгради посебна политика кон Охрид

Од:

Државата мора да изгради посебна политика кон Охрид и за тоа има многу причини, а досегашната практика на раководење со овој град да се промени рече претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески

„Охрид не може да опстане во позицијата во која денес се наоѓа , а тоа е општина и регион со најголем број на невработени во Македонија. За 11, 8 % е повисока стапката на невработеност од просечната во Македонија, а за 25 % е помал бруто домашниот производ по глава на жител од просечниот во Македонија“, рече Азески.

bakraceski-azeski1

Азески рече дека на Охрид му е потребно инфраструктурно поврзување и оти тоа мора да биде највисок државен приоритет, но и повторна индустријализација на градот кој некогаш беше водечки во земјава

„Охрид во наредните десет години мора да добие автопат и брза железница ако сакаме наредните генерации да останат и да живеат во Охрид, ако не тие ќе се иселат бидејки стапката на иселеност во Охрид и сега е висока и е алармантна за сите нас“ рече Азески

Бизнисмени, Универзитетски професори, интелектуалци , луѓе со потекло од Охрид помеѓу кои и Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и министерот за странски инвестиции Бил Павлевски се дел од Локалниот економски совет или уште познат како Совет на градски татковци, а на иницијатива на охридскиот градоначалник Никола Бакрачески.

„Целта на ова тело ќе биде низ една широка координација и комуникација навремено да се детектираат проблемите кои ја за сегаат економијата и да се креираат најдобрите можни решенија за подршка на малите и средни претпријатија како и за привлекување на домашни и странски инвестции“, рече Бакрачески

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Измамник од охриѓанка зел скоро 5.000 евра

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена