Апасиев: Квазипатриотот Мицкоски македонскиот народ го прогласи за обична етничка заедница

Од:

Претседателот на Левица Димитар Апасиев во статус на Фејсбук го нарече „квазипатриот“ лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој изјави дека го подржува законот за лични карти, со кој се предвидува во документот да стои етничката припадност на граѓаните.

Апасиев го обвини Мицкоски за спинување и манипулација со граѓаните во однос на неговиот став за законот кој во Собранието го поднесе партијата Беса.

„Христијан Мицкоски, квазипатриотот кој ја преспа Преспа и чиј пратеници стоеја до ѕидот кога се менуваше името Македонија, во надеж дека ќе стане идниот премиер (како што лажно го тапшаше Меркел) – истиот тој “лидер” сега се согласил со сведување на државотворниот македонски народ на обична етничка заедница, само за да им удоволи на неговите идни коалициони партнери – националшовинистите од АА! Овој човек, без око да му трепне, ја прифаќа Тиранската платформа и се нафаќа со целосна ДЕЈТОНИЗАЦИЈА на Македонија (по примерот на Босна), како иден чекор кон кантонизација/федерализација на Републиката и нејзино згаснување. Свака част нехаризматичен мајсторе“, напиша Апасиев во статусот.

Инаку, партијата Левица не го поддржува законот за лични карти кој го поднесе Беса, а во обид да го блокира, поднесе над 1000 амандмани.

Би можело да ве интересира

Мицкоски ги отфрли обвинувањата од СДСМ дека заедно со Коцевски штити Дејан Салтировски

Арсовска „се користи како инструмент од ДУИ за дестабилизација пред локалните избори“, тврди Мицкоски

Aпелирам до СДСМ да не профитира политички од трагедијата во Кочани, вели премиерот Мицкоски

Мицкоски: Следната недела ќе бидат именувани новите министри во Владата

(ВИДЕО) Јанчевска: Хаос со дивоградбите во Чаир, правеле зграда каде што е предвидена улица

Ако Мицкоски продолжи вака нема ни Господ му помогне, вели Филипче

Горан Наумовски